АКТИВНО

МЕНАЏЕРИ НА СМЕНА

KFC
по договор
📍 Локација Гевгелија
📅 Објавено 08.07.2026
💼 Компанија KFC

Опис на работната позиција

Менаџер на смена

KFC е глобален бренд присутен во над 130 земји, а во Македонија континуирано растеме и отвораме нови ресторани. Бараме Менаџер на смена кој ќе биде дел од нашиот тим во Гевгелија и ќе придонесе за успешно организирање на работењето во ресторанот, мотивирање на тимот и обезбедување врвна услуга за нашите гости.

💼 Твои задачи

  • Поддршка на менаџерскиот тим во организацијата на секојдневното работење
  • Обука, следење и развој на новите вработени преку тренинзи
  • Успешно решавање на прашања и поплаки од клиентите согласно стандардите на компанијата
  • Создавање позитивно искуство за клиентите и обезбедување врвна услуга
  • Следење и максимизирање на продажбата во текот на смената
  • Контрола на залихите, организација на персоналот и распределба на работните задачи
  • Изготвување извештаи по завршување на смената
  • Контрола на спроведувањето на процедурите за подготовка и складирање на производите
  • Обезбедување непречено функционирање на ресторанот во текот на целата смена

👤 Твој профил

  • Завршено најмалку средно образование
  • Основно познавање на Microsoft Office и англиски јазик
  • Добри организациски, лидерски и комуникациски вештини
  • Проактивност, одговорност и способност за решавање проблеми
  • Способност за планирање, следење и евалуација на работните процеси
  • Подготвеност за работа под притисок и носење одлуки во динамична средина
  • Фокус на резултати и ефикасно користење на ресурсите

🎁 Што нудиме

  • Платена и професионална обука – претходно искуство не е задолжително
  • Работа со полно или скратено работно време
  • Можност за професионален развој и напредување во рамки на KFC
  • Конкурентна плата со платени прекувремени, ноќни и празнични часови
  • Бонуси за остварени резултати
  • Бонус за препорачан пријател
  • Бесплатен дневен оброк и 20% попуст на производите
  • Позитивна, динамична и поддржувачка работна атмосфера

Аплицирај веднаш

Контактирајте нè за повеќе информации.